Приказна за легендата

Од Спутник до слетувањето на Месечината, од шампионите до револуционерите, од угодните традиции до големите промени, Cockta не само што беше таму – таа ја правеше историјата.

1953 Раѓање на легендата

Во времето на Големата обнова, се роди легендата. Педесеттите беа епоха на остварување на соништата, на акција, обврзување и посветеност. Направен беше подобар свет – со Cockta во неговото срце.

1960 Cockta на љубов

Спокој: отворање Cockta. Хармонија: споделување Cockta. Љубов: шише Cockta со две сламки. Тоа беше време на совршено освежување: Cockta, официјалниот пијалак на шеесеттите, деценијата на љубовта.

1970 Cocktanje -ирање на светот

Битлсите се распуштија, Месечината беше освоена, рокот стана потврд, светот зајакна. Седумдесеттите беа чудни времиња, а Cockta беше носталгична, современа и футуристичка.

1980 Cockta манија

Светла! Музика! Забава! Cockta! Во деценијата на чуда со еден хит, Cockta беше класика, среде бизарни облеки и фризури Cockta беше крајно кул, а на подиумот за игра Cockta имаше најдобри движења.

1990 Cockta го менува светот

„Срушете го овој ѕид и дајте ми Cockta!" Сè се промени во деведесеттите, од основната економија до границите. Тоа беше време на радост, а ние ја имавме нашата Ода на радоста во рацете: ладна, совршена Cockta.

2000 Cocka милениум

Кога иднината се случува околу тебе, добро е да имаш нешто што не се менува и е вечно, нешто на коешто можеш да се потпреш и да уживаш. Вкусен водич кон она што доаѓа, газирана потврда на нашите избори. Иднината е кул, а таква е и Cockta.

2010 Cockta поврзува

Земете Cockta. Сакајте Cockta. Споделете Cockta. Најсоцијалниот пијалак во времето на социјалните медиуми, крајна врска на глобалното вмрежено село. Еве совршен емотикон на втората деценија од 21 век: шише со сина етикета со еден збор: Cockta.

2018 Cockta влегува во нова ера

По децении развој, Cockta го освежува својот визуелен идентитет и го нагласува она што отсекогаш ја правело посебна. Инспирирана од оригиналните плакати од 1950-тите, сината боја повторно станува препознатлив симбол на брендот, додека дизајнот ја спојува автентичната традиција со современ израз. Со новиот изглед, Cockta останува верна на својот единствен вкус, но продолжува да се развива заедно со новите генерации.

2019 Cockta Free без компромиси

Cockta го проширува својот портфолио со лансирање на нова варијанта – Cockta Free. Производот го задржува препознатливиот вкус на Cockta, но воведува нова формула прилагодена на современите навики на потрошувачите. Без шеќер и кофеин, Cockta Free претставува иновација која го спојува автентичниот карактер на брендот со потребите на новата генерација потрошувачи.

2025 Cockta Free без аспартам

Cockta дополнително ја подобрува својата понуда со преформулирање на производот Cockta Free. Аспартамот е отстранет од формулата, со што Cockta одговара на растечкиот интерес на потрошувачите за производи со поедноставни и повнимателно избрани состојки. Новата формула го задржува препознатливиот вкус на Cockta, со јасна порака од брендот: постојано подобрување на производот и следење на очекувањата на современите потрошувачи.
0%