Правила и услови за користење на веб-сајтот Cockta

Авторски права

Ваб-сајтот Cockta, кој е достапен на Интернет на доменот www.cockta.eu, е сопственост на компанијата Atlantic Droga Kolinska d.o.o., Kolinska ulica 1, 1000 Ljubljana, Slovenija (во натамошниот текст: Atlantic Droga Kolinska). Сите информации и слики на овој веб-сајт се предмет на авторска заштита и на другите форми на заштита на интелектуална сопственост.

Тие може да се репродуцираат само за лични и некомерцијални намени, при што мора да се задржат сите наведени напомени за авторските и другите права. На секоја репродукција (копија, репродукција, објавување, пренос) како извор мора да биде наведена Atlantic Droga Kolinska.

Одрекување од одговорност

Овој веб-сајт е направен со цел да се овозможи општо и детално информирање за производите Cockta, историјатот на трговската марка и можните наградни игри. Atlantic Droga Kolinska не презема никаква одговорност за (не)функционирањето на веб-сајтот, за (не)вистинитоста на податоците обезбедени од страна на корисниците или за нефункционирањето на интернет-услугата, што е последица од паѓање на мрежата на договорните партнери, прекин на електричната енергија или други технички пречки кои би можеле привремено да го попречуваат користењето на услугата.

Сите содржини на веб-сајтот имаат информативен карактер. Atlantic Droga Kolinska не презема никаква одговорност за точноста и потполноста на објавените податоци, ниту за каква било штета на корисникот на веб-сајтот што би настанала како последица од користењето на информациите од веб-сајтот. Го задржуваме правото да ги упатуваме корисниците на други веб-сајтови и не преземаме никаква одговорност за нивната содржина.

Со одржувањето на веб-сајтот ќе се обидеме да обезбедиме точност и ажурност на податоците, но не гарантираме и не преземаме одговорност за нивната точност и потполност. Сите корисници ја користат објавената содржина на сопствена одговорност. Го задржуваме правото за менување, додавање или отстранување веб-страници (целосно или делумно) без претходно предупредување и не преземаме одговорност за какви било последици од таквите измени.

Заштита на приватноста

Atlantic Droga Kolinska ја презема обврската да ја штити приватноста на корисниците на веб-сајтот. На веб-сајтот Cockta не собираме лични податоци на корисниците, се собираат само анонимни податоци за потребите на аналитиката на веб-сајтот.

За аналитиката на веб-сајтот ја користиме алатката Google Analytics, направена од компанијата Google, Inc. ("Google"), која е наменета за следење и анализа на посетите на овој веб-сајт. Google Analytics користи т.н. колачиња кои во форма на текстуални датотеки се внесуваат во вашиот компјутер и му овозможуваат на веб-сајтот анализа за неговото користење. Информациите за вашиот начин на користење на овој веб-сајт заедно со вашата IP-адреса се пренесуваат и чуваат на серверите на Google во Соединетите Американски Држави.

Google ќе ги користи oвие информации за оценување на користењето на веб-сајтот, за подготвување извештаи за сопствениците на веб-сајтот за неговата активност како и за обезбедување на другите услуги поврзани со активностите на веб-сајтот и користењето на Интернетот. Google може овие информации да ги пренесе на трети лица кога тоа се бара според закон или кога тие трети лица ги обработуваат податоците во име на Google. Google нема да ја поврзува вашата IP-адреса со ниедни други податоци кои ги поседува. Користењето на колачињата можете да го избегнете со помош на посебни поставки на вашиот интернет-прелистувач, но таквите поставки можат да го оневозможат правилното и целосно функционирање на веб-сајтот. Со користењето/посетата на овој веб-сајт изјавувате дека се согласувате да се собираат податоци за вашето користење и да се обработуваат на погоре опишаниот начин.

На веб-порталот постојат одредени линкови кон други веб-страници кои не се во никаква врска со компанијата Atlantic Droga Kolinska, Atlantic Droga Kolinska не презема никаква одговорност за заштитата на податоците на тие веб-страници.

Детални информации за колачињатаo

Кога некој корисник го прелистува веб-сајтот, тој прелистува анонимно, што е во согласност со заштитата на приватноста и личните податоци. Податоците за користењето на веб-сајтот не овозможуваат увид во личните податоци на корисниците и Atlantic Droga Kolinska ги користи само за подобрување на користењето на веб-сајтот.

Информациите за користењето на веб-сајтот ги собираме со колачиња. Колаче е низа од знаци што интернет-прелистувачот на корисникот може трајно да ја зачува на неговиот компјутер. Во колачето се чуваат податоците и направените избори за посетите на одделни веб-сајтови. Веб-сајтовите ги користат колачињата на тој начин што кога ќе ги посети корисникот, во заштитено колаче кое привремено се зачувува на неговиот компјутер, го зачувуваат неговиот единствен идентификатор и податоците наменети за статистичка обработка (веб-сајтови од кои дошол на веб-сајтот Cockta, часот и времетраењето на посетата, посетените страници од веб-сајтот Cockta и други податоци кои не се од лична природа).

Корисникот може со одредени поставки да ги брише, исклучува или условно да ги користи колачињата. Во основа интернет-прелистувачите се поставени да ги чуваат колачињата, но да одбиваат поставување колачиња кои не потекнуваат од доменот од адресната линија.

При првата посета на веб-сајтот корисникот се известува за користењето на колачињата и се повикува да даде согласност за внесување колачиња. Со согласноста се смета дека корисникот дава лична согласност за користење и обработка на податоците собрани со колачињата.